Сашко Коцев ќе гостува со својот стендап „Широк дијафазон“ во НУ Центар за култура Крива Паланка, на 7 јуни (петок), со почеток во 20,00 часот.
Со својот препознатлив хумор во целовчерниот настап Сашко Коцев ќе се осврне на машко-женските односи, аномалиите во општеството, забавните ситуации од секојдневието и на многу теми од животот,опкружувањето…
Цената на влезницата чини 300 денари, а средствата се наменети за фондот од кампањата „Концертен клавир за Крива Паланка-Градот на културата“.
Стендап настапот на Сашко Коцев е дел од програмата на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата за 2024“.