Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Започна 58.издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Со изведбата на „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, во продукција на Драмскиот театар од Скопје, вечерва се отвори 58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што годинава се одржува по мотото „Промени се, промени сè“.

На отварањето им беа доделени наградите за животно делоа на актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов.

Во 19 часот во Градската библиотека „Борка Талески беше отворена и изложбата „Горан Стефановски и книгите“ реализира во соработка со прилепската библиотека.

Прилеп вечерва живееше фестивалски и во духот на театарот и така ќе продолжи во наредните седум дена.

Вкупно 11 претстави во продукција на националните театри и пет претстави во придружната програма ќе бидат одиграни до 14 јуни во Прилеп, обединети под концептот „Ново читање“ што ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“.

Деветти јуни ќе биде ден посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура.

Ќе бидат одржани пет работилници, освен презентацијата на едукативната програма: Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за новинарско следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал. Ќе бидат одржани промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Ќе бидат активни сите фестивалски зони како минатата година, ќе имаме и некои нови кои ќе ги откриваме постепено во текот на следните денови на фестивалот. 

Редакција Трн

Зачлени се на нашиот е-билтен