Киев утре ќе одржи мировни преговори со Русија ако Москва се повлече од целата украинска територија, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски по завршувањето на дводневната мировна конференција во Швајцарија.
– Но, Владимир Путин нема да стави крај на војната. Затоа, мораме да го спречиме со какви било средства, било воени или дипломатски. Западната помош не беше доволна за да се добие војната, но самитот покажа дека меѓународната поддршка за Украина не слабее, посочи Зеленски