Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тато е (навистина) најдобар!

Во големото финале во тенис за мажи на Олимписките игри, Новак Ѓоковиќ по два тај-брејка го совлада Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2).

Така Новак Ѓоковиќ стигна до единствената „титула“ во кариерата што му недостигаше и на тој начин практично ја „официјализираше“ наградата GOAT (Greatest Of All Time), односно најдобар на сите времиња.

Со оваа победа Ѓоковиќ стана и највозеасниот олимписки шампион во тенис.

За време на ТВ преносот режисерот неколку пати ја прикажуваше ВИП ложата со семејството и стручниот тим на Ѓоковиќ, меѓу кои се истакнуваше натписот на неговата ќерка Тара на кој пишуваше „Tata je najbolji“ (Тато е најдобар)

Најново