Владата на Велика Британија денеска ги отфрли изјавите за независност на Шкотска дадени од новоизбраниот лидер на Шкотската народна партија (СНП) Хумза Јусаф.
Јусаф, кој треба да стане нов шкотски премиер, денеска во Единбург, по објавувањето на резултатите од гласањето на 72.000 членови на СНП, изјави дека припаѓа на „генерацијата што ќе добие независност“ од Велика Британија.
„На народот на Шкотска му е потребна независност сега повеќе од кога било и ние ќе бидеме генерацијата што ќе ја добие“, рече тој.
Според британската Влада, Шкотите и Британците како целина сакаат политичари „кои се фокусираат на прашањата што им се најважни: намалување на инфлацијата, справување со кризата со трошоците за живот и намалување на листите на чекање во системот за здравствено осигурување“. (МИА)