Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ пред камери со деталји за придобивките за Србија од Планот за раст, а Мицкоски на Фејсбук за фрустрациите

Вучиќ од ручекот со фон дер Лајен излезе пред новинатрите и камерите со информација дека Србија во јануари ќе биде дел од СЕПА, Европскиот единствен платежен систем, дека се разговарало за поголеми бенефити од зелените коридори и за реформскиот процес за кој земјата ќе добие една милијарда и 500 милиони евра на крајот на октомври или почетокот на ноември.

„Разговаравме за плановите на новата Европска комисија, чиј мандат истекува за пет години. Не сакам да зборувам за кажаното, што е важно за нас, верувам дека ќе успееме да скокнеме во тој воз. Разговаравме и за зелените коридори. Ова е од исклучителна важност, би овозможило поголем профит и повисоки плати. Разговаравме стратешки за европскиот пат. Претседателот на ЕК наскоро ќе ги посети регионот и Белград“, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ после работниот ручек со Урсула фон дер Лајен во Брисел на состанокот со лидерите од Западен Балкан.

Тој рече дека „само една земја не дојде со исполнети критериуми, од друга страна, еден ентитет не ги почитуваше правилата на ЦЕФТА“.

„Големи и важни работи за нас, но поважни се сите овие реформи за кои зборувавме“, рече Вучиќ на крајот на октомври или почетокот на ноември.

За разлика од Вучиќ, Мицкоски не се појави пред камери и само на социјалните мрежи напиша дека „присуствувал на ручекот на кој фокусот на агендата беше планот за развој на Европската Унија.

Подвлекол дека регионот и државата е уморна од ставање на страна и пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата и дека мора да се направат поголеми напори за внесување на доверба и кредибилност на целиот процес.

„Ја повторив нашата заложба за остварување на стратешката цел, членство во Унијата и напредок базиран на реални и одржливи критериуми“, напиша Мицкоски.

Остануваат уште три средби до крајот на денот, па да очекуваме нешто повеќе за конкретни придобивки од ова патување на Мицкоски во Брисел.

Најново