Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Телохранителот на Мицкоски што тепаше колега на должност го спремаат да биде унапреден во командир на „тигрите“

„Министерот Тошковски го премолче последниот скандал во МВР и неговата одлуката да го ослободи телохранителот на Мицкоски кој тепаше полицаец. Срамна е вчерашанта реакција на МВР во која се вели дека Бисовски бил ослободен заради тоа што тепаниот полицаец не сакал да тужи. Оваа лага денес ќе ја демантираме со нови информации за тоа која е вистинската причина за ослободување на Бисовски“, истакнаа денеска на прес конференција од СДСМ.

Портпаролката Кузеска рече бидејчи Тошковски не сакаше да каже, СДСМ ги објавува информациите кои им биле доставени од свиркачи.

„Според овие информации целата операција е политички водена од врвот на МВР и Мицкоски, а крајната цел, е телохранителот на Мицкоски да биде унапреден во Командир на специјалната единица Тигар“, рече Кузеска.

Таа сополни дека доколку останела дисциплинската постапка и Бисовски бил казнет, тоа немало да биде возможно. Целиот план е ова да се случи во три фази, првата е ослободување на Бисовски од одговорност која веќе е завршена, посочи Кузеска.

„Втората фаза е негово поставување на позиција самостоен инспектор која е во тек. Денес го прашуваме Тошковски, дали пред неколку дена е распишан оглас за самостоен инспектор токму за Бисовски? Доколку Бисовски биде избран на овој оглас ќе се потврди целата шема која е договорена и се реализира“, предупредија од СДСМ.

Следната и последна фаза треба да биде негов избор за Командир на САЕ Тигар, укажаа на прес конференцијата.

„Ова е класичен случај како се ослободува од вина, се заташкува случај за некој да се унапреди по партиска линија. Наместо професионализација, во МВР се случува партизација од најдолен вид. Апелираме дека партаизација на овој начин, со лице кое е виновно за напад на полицајци, кое е телохранител на Мицкоски под чиј диктат се прави целата ооперација, е најбрутална партизација на клучните безбедносни единици во државата“, истакна Богданка Кузеска.

На прес конференцијата беше речено дека порачуваат на Тошковски и Мицкоски итно да се повлечат од оваа идеја и во професионална постапка да изберат професионални и чисти кадри на раководни позиции во МВР.

„Оваа брутална партизација со тепачи и телохранители е доказ дека ВМРО-МВРО е единствената цел на Мицкоски“, беше истакнато пред медиумите со дополна дека „со Тошковски и ДПМНЕ нема правда ниту одговорност а полицијата е сведена на инструмент за политички цели а не во служба на граѓаните“.

Најново