Афродита Салихи, нашата репрезентативка во женски фудбал, пред извесен период го прослави својот стоти настап во дресот на женската фудбалска репрезентација на Македонија и по тој повод е добитник на годишната награда Ѓорче Петров.
„За да се носи името на еден револуционер како Ѓорче Петров пред се е чест, но и голема обврска. Наша задача е да ја чуваме нашата општина, да работиме за доброто на граѓаните, чесно и домаќински.
По повод денешниот празник на Свечена седница на Советот на Општина Ѓорче Петров доделивме награди и признанија за посебен придонес и афирмација на општината и благодарници на нашите соработници“, стои во објавата на општината.
Општина Ѓорче Петров 28 години како самостојна општина и како посебен ентитет ја доделува оваа награда, која од денес може да се пофали и нашата фудбалска репрезентативка.