Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Браќа Манаки“ по 45-ти пат ја оживува магијата на филмската камера

Во срцето на Битола, каде што се надоврзуваат реалноста и фантазијата, се наоѓа простор исполнет со илузии, филмски и уметнички приказни. Ова место е повеќе од физички простор; тоа е врата кон светови каде што можностите се безгранични, а новите чувства и доживувања испаруваат од секоја пора на каменот. „На Кино па Олабај“ е почетната точка на твоето лично поврзување со филмот. Не заборавај “кој ти е филмот”, “тепај си го филмот и око да не ти трепни” затоа што Олабај е на Манаки, а Манаки сите не’ кадросва.

Во духот на оваа порака вечерва започнува официјалната програма на 45-тиот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Офф програмата на започна вчера навечер со проекцијата на новиот документарен филм „Патување пеш“ на режисерката Тамара Котевска, номинирана за Оскар за „Медена земја“.

Вечерва, пред свеченоста на црвениот тепих и официјалната филмска проекција, во 19:00 часот во Центарот за култура со уникатниот настан „Џиновска книга на црвениот тепих“, кој ги прославува 45-годишниот јубилеј на фестивалот. Претставувањето на оваа „џиновска книга“ ќе ги истакне најважните моменти од историјата на фестивалот и ќе ја оживее магијата на кинематографијата преку очите на камерманите.

Исто така, во 19:00 часот, во Кино Манаки, ќе се прикаже филмот „Три дена риба“ (NL, BE | 2024), во режија на Петер Хохендорн и со кинематографија на Грег Телуса. Филмот е дел од наградата на јадранската публика, а влезот е слободен за сите посетители.

Свечениот дел на отворањето на фестивалот започнува во 19:15 часот, кога на црвениот тепих ќе продефилираат сите гости пред церемонијата на официјалното отворање на фестивалот, кој започнува во 19:45 часот.

Филмскатра програма на фестивалот започнува со проекцијата на филмот „Партенопе“ (IT, FR | 2024), во режија на познатиот Паоло Сорентино, со кинематографија на Дарија Д’Антонио. Овој филм е дел од официјалната селекција за престижната награда „Камера 300“.

За љубителите на филмската уметност, програмата продолжува со филмот „Хипноза“ (SE, NO, FR | 2023), кој ќе биде прикажан во 21:00 часот во Кино Манаки, со слободен влез. Филмот е дел од наградата на јадранската публика, во режија на Ернст Де Гер и кинематографија на Јонатан Бјерстед.

Утрешните настани ветуваат дека ќе го донесат духот на кинематографијата во полн сјај и ќе го одбележат овој важен јубилеј на фестивалот „Браќа Манаки“.

Понатаму, сите денови на 45-тиот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе понудат богата програма, исполнета со различни проекции, церемонии и настани.

На овој линк е целата програма на 45-тиот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Зачлени се на нашиот е-билтен