Повеќе контрадикторности има во тоа што го рекол вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Будимпешта на состанокот со министрите од земјите на ЕУ и на регионот.
Да почнеме си делот од неговата изјава за железничката линија од Коридорот 8 кон Бугарија.
„Интензивно работиме и на изградба на железничкиот Коридор 8 каде што првата секција од пругата кон Бугараија е скоро готова, а втората секција се работи во моментов, а однос на третата секција имаме технички предизвици кои што се надевам дека ќе ги решиме во следниот период како и предизвици во однос на проектирањето а и секако сите други пречки кои што ги спомнав во периодот што беше пред нас. Но, се надевам дека ќе најдеме и заеднички јазик со цел да немаме пруга која што завршува во тунел кој не води никаде, изјави Николоски.
Прво, очигледно е дека има отстапување од првите изјави во врска со овој коридор кога, само од нивни причини, најавуваа дека ќе бараат да се пренаменат финансиите од ЕУ за овој железнички правец затоа што бил скап и затоа што завршувал со тунел(?!?).
Сега вели „интензивно работиме“, а потоа „се надевам дека ќе најдеме и заеднички јазик со цел да немаме пруга која што завршува во тунел кој не води никаде“.
И овде Николоски има проблем со сопствената логика. Сега ќе бара „заеднички јазик“ со Бугарија откако упати серија навреди за тамошните политички лидери.
А за тунелот, се чини дека конечно сфатил тунелот од наша страна кој, според него, „не води никаде“, всушност води до тунелот што од другата страна треба да го изгради Бугарија.
Трасата е јасна: Тунел е долг 5 километри и нашата и бугарската страна треба да прбијат по 2,5 километри за да се сретнат.
Сето ова е резултат на фактите со кои се соочија и Николоски и Мицкоски и Владата, кога јасно им беше ставено до знаење дека пренамена на средствата од Коридорот 8 во било кој друг проект е невозможно и дека треба да ги завршат обврските што ги презела државата во врска со овој коридор за кој ЕУ донесе одлука дека е од посебно значење.
Се судрија и со фактите за цената на трасата по километар откако од многу страни им посочија податоци дека вредноста на работите зависи од многу фактори и дека воопшто не станува збор за „најскапа пруга“ како што тврдеше министерот Николоски кога манипулира со „алтернативни факти“ кои немаат допирна точка со вистината.
Николоски е контрадикторен на самиот себе си и за делниците Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Букојчини-Кичево што го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“.
Христијан Мицкоски велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е историски криминал, ВМРО-ДПМНЕ велеше дека е штетен и дека е пљачка на народот, а денес Александар Николовски вели „многу ќе се работи на овие делници во наредниот период“.