Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Фото] 100-тиот роденден на Скопско како голем културен и настан за дружба, пронајдете се во галеријата

Вчера во Градскиот парк во Скопје, „Скопско“ го прослави 100 тиот роденден. На големата бина во преполниот Градски парк во друштво со најголемите ѕвезди од домашната музичка сцена, се славеше роденденот на најстарото пиво во земјава.

Забавата започна со Битолски Камерен Оркестар, продолжи со магијата на музиката на Фолтин и хитовите на Ареа. Посебна енергија на сцената и во Градискиот парк донесоа Нокаут, по кои настапи неповторливата Каролина и Влатко Стефановски Трио. За крај настапија Страјк и Диџеј Гоце. Забавата заврши со Кирил Џајковски.

Скопско и овој пат ги обедини генерациите со добра музика и одлична забава. Со моменти кои ќе се паметат. Роденеденска забава достојна за стиотиот роденден на која уживаа сите.

Скопско е повеќе од пиво, тој е потсетник на убавите моменти, на среќа и славење на живото и неговата убава страна.

Со желби за уште повеќе среќни и радосни моменти, вчера „Скопско“ ја прослави големата „стотка“ и зачекори во следните 100 години забава, убава енергија и моменти кои ќе се паметат.

У уште еднаш, среќен роденеден Скопско!

Фотогалерија

Редакција Трн

Најново