Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бугарија спроведе демарш до Унгарија поради наводите за снабдување на Хезболах со пејџери

Унгарија и Бугарија си ја префрлаат топката за тоа чија компанија ги набавила пејџерите за Хезболах пред тие да експлодираат и да на направат хаос во Бејрут со голем број на жртви. Бугарија спроведе демарш до Унгарија поради наводите за снабдување со комуникациска опрема во Сирија и Либан.

Како одговор на изјавите на унгарските власти за набавка на комуникациска опрема за Либан и Сирија, бугарското Министерство за надворешни работи повтори дека такви уреди поврзани со експлозиите во овие земји не биле увезени, извезени или произведени во Бугарија.

Овој заклучок наводно го потврдиле инспекциските контроли на Државната агенција за национална безбедност заедно со НРА, Министерството за внатрешни работи и Царинската агенција.

„За време на средбата со унгарскиот амбасадор во Софија, Бугарија категорично не се согласи со споменувањето на нејзиното име во врска со овие пратки. Министерството за надворешни работи ја повика Унгарија да се однесува одговорно и да ги базира своите тврдења на факти“, соопшти бугарското МНР.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново