Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео] Еве како се славеше среброто на Лазов во Будимпешта

Сребрен медал на втора табла на 45-тата Шаховска Олимпијада за ИМ Тони Лазов.

Одличен успех за Тони Лазов и за македонскиот шах.

Со 7.5 поени од 8 партии, без ниту една изгубена партија и перформанс рејтинг од 2763, Тони успеа зад себе да остави големи имиња на светскиот шах како Sarana Alexey, So Wesley, Praggnanandhaa R и многу други.

По бронзениот медал на Трајко Недев во 1996 година во Ереван, златниот медал на Драгољуб Јаќимовиќ во 2000 година во Истанбул и среброто на Владимир Георгиев од 2004 година во Калвија, ова е четврти пат еден македонски репрезентативец да се закити со медалја на најголемото шаховско натпреварување.

Честитки за Тони, му посакуваме успех и понатаму, и се надеваме дека наскоро ќе биде следниот наш шаховски Велемајстор, порачаа од Шаховската федерација на Северна Македонија.

И секако уште еднаш да не ја заборавиме целата екипа и стручниот штаб кои допринесоа за овој успех:

ИМ Атанас Кизов (селектор), ВМ Евгени Романов, ИМ Тони Лазов, ИМ Никола Николовски, ИМ Емил Ристески и ФМ Антон Златков.

Конечниот пласман на машката репрезентација е на 61-вото место во конкуренција на 189 репрезентации.

Женската репрезентација предводена од селекторот Љубиша Андоновски во состав ЖФМ Моника Стојковска, Ивана Манова, Моника Жежовска, Сања Трајковска и Леа Ефтовска исто така храбро се бореше.

Кај девојките посебно за одбележување е настапот на Ивана Манова која со освоените 7 поени од 10 партии на Олимпијадата се стекна со титулата Женски Фиде Мајстор (ЖФМ).

Конечниот пласман на женската репрезентација е на 77-ото место во конкуренција на 170 репрезентации.

Зачлени се на нашиот е-билтен