Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ХЕРА најавува кампања за придобивките од родово сензитивното и сексуално образование

Асоцијација за здравствена едукација – ХЕРА ќе ја промовира Националната кампања „Во ист ритам“ со поддршка на Холандската амбасада во Северна Македонија во вторник, на 24 септември. 

Кампањата има за цел да ги промовира демократските вредности и процеси, да ја информира јавноста за придобивките од родово сензитивно образование кое вклучува и сексуално образование, како и политики за поддршка на родова еднаквост во земјата. Особен фокус на кампањата се младите, и нивно поттикнување на младинско учество и младински активизам во сите демократски процеси кои се од нивен интерес.

Според најавата на ХЕРА, Кампањата треба да придонесе кон широка поддршка на јавноста на концептот на човекови права, родовата еднаквост, вклученост на сите категории граѓани, солидарност и поддршка на потенцијалот кој го имаат младите во земјата.

Кампањата треба да придонесе за информираност на јавноста и за широка поддршка на започнатите системски позитивни реформи и иницирање на нови младински политики.

На конференцијата за печат ќе биде промовирано и носечкото видео кое ќе биде емитувано на три национални и една локална телевизија.

Зачлени се на нашиот е-билтен