Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На 1 октомври започнува со работа гасниот терминал Александропули од каде Македонија закупи гас за трајно снабдување

На 1 октомври ќе проработи терминалот за течен гас во Александропули во кој визионерски зеде учество претходната власт за стабилно снабдување на Северна Македонија со неруски гас и со количини кои ги надминуваат потребите на земјата.

Со оглед на местоположбата што ја имаме како држава и поставеноста на своевидна крстосница, со учеството на Северна Македонија во изградвата на проектот во Александропули се отвора и можноста преку нашата земја, со дополнителни интерконектори да се реализира снабдување и на земји, пред сѐ Србија и Косово, и на тој начин како држава да оствариме значителна заработка.

Проектот Александропулис не е само гасниот терминал, и за количните коишто треба таму да се закупат, туку станува збор и за гасна централа како енергетски објект со капацитет од 800 мегавати којшто ќе биде завршен во 2024 година.

За потребите на една претходна анализа, Рацин.мк од ЕСМ доби информација дека гасниот терминал во Александропулис, кој започна да се гради во мај годинава 2023 година, АД ЕСМ закупи 10% од капацитетот, односно за истото веќе е потпишан договор. Капацитетот на гасниот терминал  ќе изнесува 5,5 милијарди nm3, од кои АД ЕСМ односно Северна Македонија ќе закупи 10%, односно 500 милиони nm3 гас од вкупниот капацитет на терминалот.

Годишната потрошувачка на гас кај нас изнесува приближно 400nm3, што говори дека државата со обезбедувањето на таа количина од гасниот терминал Александропули и со интерконекторот со Грција ќе обезбеди трајна и безбедна набавка на неруски гас, односно ќе се реши зависноста од гасот на Гаспром, односно Русија.

„Пуштањето во употреба на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи се очекува на 1 октомври 2024 година, пишува во соопштението од Министерството за национална економија и финансии на Грција, нешто што го посочи и портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на брифинг со новинарите.

Владата во Грција информираше дека Европската Комисија издала извршна одлука за одобрување на финансиски придонес на Унијата во реализација на проектот „Независен систем за природен гас во Александруполи“.

Зачлени се на нашиот е-билтен