Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тате Виктор доаѓа на баци рака, ако бацат добро и ако се послушни можда ќе има уште 500 милиони

Владата на извести дека на 26 и 27 септември 2024 година во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Унгарија, Н.Е. Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската влада.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе оствари официјална тет а тет средба со неговиот унгарски колега во (премиерската) вила Охрид на 27 септември со почеток во 08:45 часот.

Дополнително, во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација, а на 27 септември со почеток во 10:00 часот ќе се одржи заедничка меѓувладина седница во хотелот Инекс Олгица во Охрид.

По завршувањето на меѓувладината седница на истата локација се очекува да се одржи прес-конференција за медиуми со почеток во 12:15 часот, на која ќе се обратат двајцата претседатели на владите, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан.

На маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во градот Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а свежо цвеќе премиерите на двете земји ќе положат на споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново