Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел изврши воздушен напад врз штабот на Хезболах, се вели дека таму бил лидерот Хасан Насрала, не е јасно дали е убиен

Израел изврши серија воздушни напади врз воениот штаб на Хезболах во јужните предградија на Бејут, а израелските медиуми објавија дека во тоа време таму бил лидерот на либанската екстремистичка организација Хасан Насрала, јави вечерва британски Гардијан но не можеше да ја потврди информацијата.

Израелските воени сили (IDF) потврдија дека нападот бил извршен.

Засега не е јасно дали Насрала е убиен во тие напади или не, јавуваат агенциите, додека Ројтерс, повикувајќи се на извор близок до Хезболах, објави дека Насрала е жив, а извор близок до Хезболах изјавил за Франс прес дека Насрала е добро.

Иран соопшти дека ја проверува состојбата на лидерот на Хезболах, изјави за Ројтерс висок безбедносен функционер.

Кабинетот на премиерот на Израел вечерва објави фотографија од Бенјамин Нетанјаху, на која тој на телефон може да се види од неговата хотелска соба во Њујорк до воениот секретар и шефот на неговиот кабинет, како го одобрува воздушниот напад врз Штабот на Хезболах во Бејрут, објавија израелските медиуми.

ОН соопштија дека се загрижени поради израелските напади врз јужните предградија на Бејрут, чија цел беше штабот на Хезболах.

„ОН со голема загриженост ги следат нападите врз Бејрут“, рече портпаролот на ОН Стефан Дијарик.

Израелската војска соопшти дека извршила „прецизни напади“ врз штабот на Хезболах во либанската престолнина.

Ако Насрала е убиен, тоа ќе предизвика голема ескалација во конфликтот меѓу Хезболах и Израел, кој веќе се заканува да прерасне во војна од целосен обем, пренесуваат медиумите.

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари потврди дека целниот штаб на Хезболах е изграден под станбена зграда во Бејрут за да ги користи цивилите како жив штит.

Израелските медиуми, исто така, објавија дека војската користи бункер-бастери, големи бомби кои можат да навлезат длабоко во земјата пред да експлодираат.

Денешниот напад е најголем во Бејрут од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах пред речиси една година.

Вршителот на должноста либански премиер Наџиб Микати изјави дека нападот на Бејрут покажува дека Израел не се грижи за повиците за прекин на огнот во Либан, пренесува Ројтерс од Њујорк.

Либанскиот Црвен крст испрати 10 екипи во предградието Дахије по израелските напади.

Засега нема информации за жртви, а извор близок до Хезболах за AFP изјавил дека шест згради се срамнети со земја.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново