Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Девастирани владини институции:  Груби играше фудбал, Мицкоски изиграва комедијант во најава за подкаст на водител кој афирмираше родово насилство

Низ социјалните мрежи се врти најава за гостување на премиерот Христијан Мицкоски во подкаст на Стефан Лазаров.

Како прва реакција би рекле најава како најава, си го афирмира јутјуберот своето шоу, но кога ќе ја видите најавата, гледате дека премиерот, не е само гостин во поткастот што ќе се емитува на 6 октомври, туку има и втора главна улога во видео најавата која објаснува како сонот на Лазаров станува реалност.

За таа цел Мицкоски му е главен статист, а министри во неговиот кабинет, таа за финансии и тој за дигитализација, споредни статисти и сето тоа во кусата видео драмолетка за сонот на Лазарав како најава за гостувањето на премиерот во неговото ЈуТјуб шоу. Сценариото и продукцијата одат до таму што камерата на Лазаров успела да влезе и во кабината на обезбедувањето на владината зграда, нешто што е скандалозно и проблематично по сите безбедносни стандарди.

Си играат спрдачина со своите функции со јавни овластувања и со институциите, што не е далеку од спрдачината што со институциите ја правеа Артан Груби и минстрите на ДУИ кога играа фудбал во кабинетите.

Но, оваа спрдачина има и додадена вредност. Премиерот и министрите „глумат“ во видео најава на човек кој заедно со Драган Павловиќ Латас се засмејуваа со првото секусални искуство на Латас кое ја згрози македонската јавност.

Деталите за тоа „искуство“ кое ги соопшти Латас во поткастот на Лазаров, јавноста ги препозна како сексуален напад, а начинот на кој Лазаров ги дочека тие информации – со смеење и релативизирање – наиде на бран реакции во јавноста, и од невладните организации, и од граѓаните.

Јавното обвинителство за ова отвори и предмет и подоцна Јутуберот Стефан Лазаров и новинарот Драган Павловиќ-Латас седнаа на обвинителна клупа поради интервјуто, преку кое и според Обвинителството, се промовирало насилство кон жени. Рочиштата постојано се одлагаа и сѐ уште нема официјална завршница.

Мерките што беа преземени тогаш беа на Лазаров му беше забрането јавно да настапува, а на Латас му беше одземен пасошот како предострожна мерка.

Имајќи го сето тоа предвид, навистина е прашање на етичка позицијата одлуката на премиерот да се стави себе си, неговите министри како статисти и Владата како сценографија за да рекламира свој настап кај водител за кој предметот во судот за ширење расистичка и ксенофобична содржина која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново