Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Харис: Иран е опасна и дестабилизирачка сила на Блискиот Исток

Американската потпретседателка и демократски кандидат за претстојните претседателски избори, Камала Харис, изјави дека Иран е „опасна“ и „дестабилизирачка“ сила на Блискиот Исток и дека Вашингтон е посветен на безбедноста на Израел.

-Јасна сум дека Иран е дестабилизирачка, опасна сила на Блискиот Исток, рече Харис.

Таа нагласи дека „ќе се погрижи Израел секогаш да има способност да се брани од Иран и терористичките милиции поддржани од Иран“.

Иранската револуционерна гарда вчера лансираше повеќе од 100 ракети кон Израел како одговор на неодамнешното убиство на политичкиот водач на Хамас, Исмаил Ханија, лидерот на Хезболах, Хасан Насралах и заменик-оперативниот командант на иранската Револуционерна гарда, Абас Нилфорушан.

Зачлени се на нашиот е-билтен