Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пукање во Чаир, неофицијално има и повредени

Силно полициско присуство има вечерва на улицата Џон Кенеди во скопската населба Чаир, јави вечерва 24Инфо.мк.

На терен се присутни и специјалци, а извори на 24инфо.мк информираат дека претходно се слушале и пукотници.

Неофицијално, има и повредени лица.

Едно лице е повредено во пукање што вечерва се случило во Чаир, во близина на супермаркетот „Веро“, пишува „360 степени“.

Пукањето се случило на крстосницата на улиците „Џон Кенеди” и „Цветан Димов”, а од огнено оружје е повредено лице со иницијали А.Б.  

Според информациите на „360 степени“ повредениот е надвор од животна опасност. Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Зачлени се на нашиот е-билтен