Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почина истакнатиот македонскиот поет, прозаист и преведувач Михаил Ренџов

На 88-годишна возраст, денеска почина истакнатиот македонскиот поет, прозаист и преведувач Михаил Ренџов. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар, како и прв уредник на Блесок Поезија.

Михаил Ренџов е автор на дваесетина збирки поезија, меѓу кои  „Иселеник на огинот“  „Ноќно растење на зборот“ ; „Каде од оваа страна“ , „Издишки“ , воедно и автор на препевот на асиро-вавилонски еп „Гилгамеш“.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои: „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“ за книгата „Нерези“ (1982), „Григор Прличев“ за препевот на книгата „Тиранија на сонот“ од Каролина Илика, „Прличев ловоров венец“ за поемата „Тој“ (1993), „Златно перо“ за препевот на книгата „Мудрости и горчини“ од Дритеро Аголи (1998). „Ацо Шопов“ за книгата „Јас Оксиморон“ (1999) и „Рациново признание“ за „Раскази за Захариј“ (2004).

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново