Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мировна акција го објави повикот за учество на „Тренинг за соочување со минатото и изградба на мир“

Фотографија од 10 Дена Мировна република, 2022
Фотографија од 10 Дена Мировна република, 2022

Мировна акција го организира петнаесеттиот по ред „Тренинг за соочување со минатото и изградба на мир“, кој ќе се одржи од 31 октомври до 10 ноември 2024 година.

„Десет дена Мировна република“ / „Dhjetë ditë Republikë Paqësore” тренингот за соочување со минатото и изградба на мир / Trajnim për ballfaqim me të kaluarën dhe ndërtim të paqes ќе го реализира во во Крушево (хотел Монтана) / në Krushevë (hotel Montana)

Станува збор за програма на неформално образование којашто Мировна акција ја организира еднаш годишно и се одвива континуирано уште од 2011 година. Тренингот е отворен е за сите полнолетни граѓани/ки.

Учесниците на тренингот ќе поминат програма која развива компетенции за:

  • Ненасилна комуникација
  • Работа во тим
  • Разбирање на конфликти
  • Родови улоги во општеството
  • Соочување со минатото и изградба на мир
  • Идентитети
  • Дискриминација
  • Ненасилна акција

Програмата е флексибилна, направена е да ги следи потребите, можностите и мотивацијата на учесниците/чките и се прилагодува по потреба, но костурот на наведените теми останува. Од Мировна акција неведуваат дека има простор за теоретска доедукација на темите, но и простор за лично преиспитување и индивидуален напредок.

Учесниците/чките на крајот на програмата ќе добијат сертификати за учеството со обработените теми и часови.

Програмата може да биде продлабочување на разни студиски области: Психологија, Социологија, Историја, Филозофија, Мировни студии, Безбедност, одбрана и мир, Родови студии, Интеркултурни студии, релевантна е за искуства во образование и сл., но во исто време е погодна и за разни профили кои се заинтересирани да се надградуваат на некои од овие теми иако немаат претходно искуство во ниедна од наведените.

Од Мировна акција напоменуваат дека не е потребно никакво предзнаење за да се учествува на тренингот и дека не е потребно да се биде член на некое здружение на граѓани, односно тренингот е отворен за сите полнолетни лица.

Сите трошоци за учество на тренингот (патни трошоци, сместување и храна) ги покрива Мировна акција.

Тренингот се спроведува претежно на македонски јазик, но секој/а учесник или учесничка, кој/а сака да користи албански јазик, тоа ќе може да го стори. Организаторите нудат и помош за превод по потреба, а на работилниците се користиме и двата јазици. Сите материјали се двојазични, на македонски и албански.

Рокот за пријави е до 24. октомври 2024, а во продолжение е и линкот за ПРИЈАВА / APLI.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново