Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) денеска организира панел – дискусијата на тема „Како известуваа медиумите за евроинтеграциите пред и по изборите?“.
Презентацијата на наодите од анализата ќе се одржи денеска (среда, 9 октомври)во хотелот Сити Парк во Скопје, со почеток во 12 часот.
Панелисти се Слободанка Јовановска, новинарка и уредник за надворешна политика, проф. д-р Сефер Тахири, универзитетски професор по новинарство и јавни комуникации и Жарко Трајаноски, раководител на истражувања во ИМА. Тие ќе ги претстават клучните наоди на нивните анализи од мониторингот на ИМА за медиумското известување на оваа тема.
Модератор на настанот е Петрит Сарачини.
По излагањата на панелистите, предвидена е и дискусија со учесниците и присутните на панел-дискусијата.