Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасов: Идејата на Мицкоски за Преспанскиот како модел за проблемот со Бугарија треба да се прифати

„Мислам дека идејата на Мицковски за промена на Уставот со одложена важност е преземена од тврдењето на Никола Димитров дека со тоа би бил исполнет условот за внесување на Бугарите во Уставот, но не и делот од вториот протокол со Бугарија во кој сме се согласиле тоа да важи веднаш“, изјави во разговор за Рацин.мк професорот и поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија Ѓорѓи Спасов.

Спасов се повикува на Димитров кој смета дека Уставот може да се смени и со тоа се почитува Рамката за преговори со ЕУ, а со уставен закон ќе се наведе дека таа промена ќе стапи во сила кога Бугарија ќе го потпише пристапниот  договорот за членство на Македонија во ЕУ.

На прашање како на ова ќе одговорат во Софија со оглед на тоа дека досега се изричити со својот познат став, Спасов вели дека е малку веројатно дека Бугарија ќе го смета ова за решение.

„Но, треба да сфатиме дека кај нас уште долго нема да биде можно изнаоѓање решение за започнувањето разговори без добивање некаква, па дури и симболична отстапка од Бугарија и од ЕУ“, смета Спасов.

Спасов уште вели дека „иако на прв поглед изгледа како рекламата за космодиск ‘шашаво’ тоа може да се покаже како излез, но со вложување дополнителни дипломатски напори“.

За тоа како на домашна сцена очекува ова да помине евентуално, амбасадорот Спасов вели дека „СДСМ и ДУИ треба да го подржат Мицкоски во обидот за убедување на Бугарија и на ЕУ за оправданоста на едно такви решение“.

Тој смета дека тоа не подразбира ниту менување на Рамката за преговори, ниту нови преговори со Бугарија, бидејќи тоа нема да биде ниту дел од рамката, ниту од Договорот.

Спасов оди уште понатаму и вели дека „доколку има отпори и за тоа решение Македонија може и без согласност да пристапи кон промена на Уставот со апсолутно мнозинство од сите партии и да донесе закон за негова одложена примена, па топката за конечната одлука да ја префрли во дворот на ЕУ“.

„Треба да очекуваме дека може да се случи во ЕУ, па и во Бугарија, да имаат разбирање за тоа“, вели во разговорот за Рацин.мк амбасадорот Спасов.

Опозицијата, истакнува Спасов, треба да му даде подршка на Мицковски за оваа идеја и да лобира на сите страни со заеднички сили да се излезе од оваа блокада.

„Продолжувањето со меѓусебните обвинувања за тоа кој е повиновен за блокадата не го решаваат проблемот“, укажува професорот и поранешен амбасадор Ѓорѓи Спасов.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново