Северна Кореја соопшти дека нејзините трупи стационирани на границата со Јужна Кореја се борбено подготвени откако тензиите меѓу двата соседа ескалираа, пишува Њузвик.
Пјонгјанг го обвини Сеул дека неодамна летал беспилотни летала над неговиот воздушен простор, фрлајќи летоци со кои го осудува пропагандниот режим на северот. Јужна Кореја не ги коментираше тврдењата на својот сосед.
Во соопштението, Министерството за одбрана на Северна Кореја им нареди на своите гранични трупи да бидат подготвени да „отворат оган“.
Оваа објава доаѓа откако Северна Кореја ги разнесе рутите што ги поврзуваат двете земји. Министерството за обединување на Јужна Кореја оцени дека акцијата е „ненормална“ и рече дека ги прекршува билатералните договори кои имаат за цел да ги намалат тензиите меѓу двете нации.
Минатата недела Пјонгјанг рече дека ќе ги блокира сите патишта и железници што ги поврзуваат двете земји по заедничките воени вежби на Јужна Кореја со Соединетите држави.
Ким Јонг Ун, исто така, ги откри плановите за измена на уставот за официјално да ја назначи Јужна Кореја како заколнат непријател.