Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стигна и видео како доказ дека севернокорејски војници се распоредуваат во Русија

Видеото го објави Украинскиот центар за стратешки комуникации, кој работи во рамките на украинското Министерство за култура и информации.

Видеото објавено на официјалниот Телеграмски канал на Центарот, според Украина, покажува дека севернокорејските војници преземаат воени униформи и опрема во воена база на далечниот исток на Русија.

Како што соопшти Центарот, видеото е снимено во тренинг центарот Сергејевски.

Украински извори со денови тврдеа дека севернокорејски војници биле испратени во Русија за да учествуваат во војната против Украина.

Да потсетиме, Министерството за одбрана на Јужна Кореја пред 10 дена објави дека Северна Кореја најверојатно ќе испрати дел од своите редовни вооружени сили во Украина како поддршка на Русија.

Неколку дена подоцна, американскиот Институт за проучување на војната објави дека неколку илјади севернокорејски војници се обучуваат во Русија и може да бидат распоредени во Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново