Трамп ги засили вербалните напади и навреди за Камала Харис, на митинг говорел и за гениталиите на починат играч на голф

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги засили своите вербални напади на демократската противкандидатка Камала Харис во саботата додека таа се сврте кон познатите личности за да ја поттикнат нејзината кампања.

Гласовите во неколку сојузни држави, каде кандидатите од двете партии имаат подеднакво силна поддршка, а изборните резултати беа тесни во изминатите циклуси, најверојатно ќе одлучат за изборите.

Во Латроб, Пенсилванија, Трамп ги засили своите лични напади врз Харис, практика за која некои од неговите советници стравуваат дека може да ги одврати неодлучните гласачи.

Трамп рече дека Харис е повеќе лево од демократските сенатори Елизабет Ворен и Берни Сандерс.

„Треба да и’ кажете на Камала Харис дека е доста. Кажете и’: Не можеме да те трпиме, ти си посран потпретседател“, извикал Трамп.

Додека толпата аплаудираше, Трамп додаде: „Камала, ти си отпуштена, оди си оттука, отпуштена си“, во стилот на неговото тв шоу „Приправник“.

Во говор во Латроб, родното место на голферот Арнолд Палмер, тој вклучи и грозен коментар за гениталиите на легендарниот играч на голф.

„По туширањето со него, другите професионалци излегуваа и рекоа: „О Боже мој, тоа е неверојатно“, рече тој.

Кампањата на Камала Харис брзо реагираше.

„Завршниот говор на Трамп во Пенсилванија е буквално ѓубре. Во говорот Трамп се фокусираше на прашањето што е најважно за гласачите на овие избори: анатомијата на починатиот играч на голф“, реагираа од кампањата на Камала Харис.

Најчитано