Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Волц за Трамп рече дека личел на кловнот Роналд Мекдоналд, а за милијардерот Маск дека му помага да ги купи изборите

За време на митинг во Висконсин, демократот Тим Волц, потпретседателски кандидат на Камала Харис и гувернер на Минесота, остро ги критикуваше Доналд Трамп и Илон Маск. Тој рече дека Трамп личел на кловнот Роналд Мекдоналдс и дека сопственикот на Тесла му помагал на да ги купи изборите.

Волц, кој честа мета на критики од страна на Трамп, се потсмеваше со поранешниот претседател затоа што тој на зададените прашање одговара со избегнување на темата, откако претходно во интервју за „Блумберг“, за овој начин, на за него својствена реторика, Трамп се пофали дека било „ткаење“.

– Тој ова го нарекува „ткаење“. Доналде, ајде, знаеме дека постои само едно ткаење за кое знаеш нешто, и тоа не е тоа.

Волц понатаму го критикуваше Трамп за тоа што избегна и да оди на втора дебата со Харис, а како причина била неговите слаби перформанси и изјави: „Кога толку многу ќе ти ја искршат задницата, не се враќаш вторпат.“ Волц исто така ја исмеа неодамнешното посета на Трамп во McDonald’s, споредувајќи го со „кловнот Роналд Мекдоналд“, маскотата на McDonald’s.

– Тој најверојатно заборави дека Хелоувин е идната недела, рече Волц.

За Маск, Волц ироночно рече дека е „потпретседателскиот кандидат“ на Трамп и ги исмејуваше неговите неодамнешни митинзи. На тие настани, Маск промовираше дневна лотарија од еден милион долари за регистрирани гласачи кои ја поддржале неговата петиција за слобода на говор и правото за слободно носење за оружје. Волц се пошегува: „Илон е на таа сцена, скока како некој будала… Тој е буквално најбогатиот човек на светот, троши милиони долари за да му помогне на Доналд Трамп да ги купи изборите.“

Во меѓувреме, Трамп откажа уште еден настан со Роберт Ф. Кенеди, овојпат со изговор конфликт во распоредот бидејќи имал план да митингува во Северна Каролина каде трката е изедначена до влакно.

Харис денеска снима интервјуа со Ен-Би-Си и Телемундо, а во четврток во Атланата, Џоџија настапува со музичката ѕвезда Брус Спринстин.

Еминем вечерва е во Детроит каде треба да го најави главен спикер на митингот на демократите поранешниот претседател Барак Обама.

Во меѓувреме, во уште четири држави започна предвременото гласање – Хаваи, Мисури, Јута и Висконси – каде партиските активисти им порачуваат на своте бази да излезат на гласање и да не го чекаат 5 ноември.

Разликата во анкетите меѓу двајцата кандидати, Харис и Трамп, останува тесна во полза на кандидатката на демократите. 

Од Вашингтон за Рацин.мк, Борис Камчев

Зачлени се на нашиот е-билтен