Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Иванов за скандалот на „Канал 5“: Ден после настанот Мирчевски повторно ја злоупотреби телевизијата, треба да се извини на јавноста

„Уредникот Мирчевски ја злоупотреби телевизијата. Во прилогот од вестите, следниот ден, кога од нога даваше изјава се заврте кон камерите и директно се обрати до гостинот кого го избрка од студио и грубо настапи. Но, избрканиот гостин немаше камера и не можеше да возврати“, рече новинарот Зоран Иванов во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Новинарот додаде дека кога се планирал прилогот требало да се испрати камера и кај Рамадани, за да ја видиме и неговата реакција.

Тој додаде дека не е пристојно да се избрка гостин и да се упадне во телевизијата и дека очекувал Мирчевски утредента да се најде начин да се извини до јавноста.

„Очекував дека ќе се најде начин со некоја блага варијанта да се извини, обрати до јавноста, да се извини до сите учесници и гости во телевизиите“ рече Иванов.

Тој рече дека е нормално новинарот да се чувствува навреден кога лично му се обрати гостинот, но не требало директорот да се вклучува, туку новинарот можел и требало сам да се справи со гостинот.

Треба да знаете
Moже да ве интересира