Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На гладно срце химна не се пее

Во основните училишта во скопските општини Аеродром и Гази Баба (со тенденција да се прошири и на други „вмровски“ општини, по „диктат“ на “шпицниот градоначалник“), основците, построени во училишниот двор (или спортската сала) ја пејат државната химна, додека градоначалниците, од вмровска провиниенција, задоволно го „сукаат патриотскиот мустаќ“.

Нека пеат децата, нека се „билда“ патриотизмот…

Но, гладен химна не се пее. Како не се сетивте, онака, веома врло патриотски, на децата во основните училишта да им обезбедите бесплатен топол оброк. Да им ги отворите кујните, мензите (кои претпоставувам постојат во училиштата, барем така беше „на времето“), па по отпеаната химна, така сите заедно, другарски, да појдат да каснат топол оброк, и да се напијат топло чајче, а може и топло млекце, па да им бидат стоплени и грлата и срценцата.

Или нивната исхраната не ви е доволно патриотска категорија за да брцнете во општинските каси? Детските грла се сепак бесплатни.

Драган Мишев (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново