Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Несогласувања во ВМРО-ДПМНЕ: Николоски против уставни измени, Спасеноски смета дека тие се реалност која мора да се прифати

За потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски уставните измени се завршена работа и тие нема да се случат, но со ваквиот негов став не се согласува професорот на Правниот факултет и член на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеновски.

Според него, обврската за уставните измени нема да заврши со мандатот на актуелниот состав на Собранието, туку таа обврска ќе биде и за идната влада, смета професорот на Правниот факултет и член на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеновски.

Тој вели дека оваа обврска е тесно поврзана со процесот на евроинтеграциите и е реалност без разлика дали не кој тоа му се допаѓа или не.

„На таквата реалност ќе мора да се прилагодат политичките лидери и партии“ рече Спасеновски во „Клик плус“ на ТВ21.

Треба да знаете
Moже да ве интересира