Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Според Кремљ, сите други грешат!

Кремљ го обвинува Зеленски за недостаток на легитимитет, ЕУ за цензура и „глобалната елита“ за обид за атентат на словачкиот премиер Роберт Фицо. Веројатната цел е да се оттргне вниманието од ситуацијата во Русија, пишува во најновата анализа на „ЕУ против дезинформациите“ на Дипломатскиот сервис на ЕУ (EEAS).

Во Русија нема поважна тема за пропагандистите од Кремљ од обвинувањето на другите, особено Брисел и Вашингтон, за неправилности. Тие го користат за да го оттргнат вниманието од домашните прашања кај обичните Руси и да го оддалечат од жестоката војна против Украина со нејзините високи стапки на жртви. Префрлањето на вината, исто така, помага да се поплави и загади меѓународниот информативен простор.

Oдиме повторно: оцрнување на претседателот Зеленски

Класична мантра на Кремљ е да се оцрни претседателот Зеленски, тврдејќи дека неговата влада ја држи власта благодарение на државен удар, без фер избори и дека тој ја користи власта против вистинските желби на украинскиот народ. Овие „обвинувања“ се засноваат на наративите, повторени многупати низ годините, на елитите наспроти народот, како и на изгубениот суверенитет. Нема ништо ново во тоа. Меѓутоа, неодамна, во наративот беше додаден уште еден пресврт: Зеленскиј можеби е претседател, но сега неговото претседателствување повеќе не е легитимно бидејќи истече неговиот прв стандарден мандат на функцијата. Официјалниот руски владин медиум Росијскаја Газета го нарече „узурпатор, иако е малку веројатно дека некој во Украина би бил подготвен да го нарече така, бидејќи тој ја заплашува цела Украина“.

Заборавете на војната. Заборавете на уставот. Да разговараме за нешто друго…

Постојат неколку причини зошто ова е манипулација и дезинформација. Има дури и име: „whataboutism“. Прво, Кремљ „заборава“ дека Русија започна целосна војна против Украина со секојдневни напади врз градови и цивилни цели, што го прави многу тешко, ако не и невозможно, да се замисли спроведувањето слободни и фер избори да се одржат дури и со минимална безбедност низ целата земја. Второ, оваа војна ги принуди украинските власти да прогласат воена состојба за одбрана на земјата и украинскиот устав експлицитно забранува одржување на претседателски избори под воена состојба. Трето, Кремљ се обидува да сугерира дека Украина само подлегнува на „заплашувањето“ на Зеленски.

Тешко е да се поверува во грозните обвинувања на Кремљ дека Зеленски е нелегитимен и застрашувачки владетел, особено со оглед на интензивните политички дискусии што се одржаа во Украина во последниве години. Темите како законот за мобилизација или смената на шефот на одбраната предизвикаа живи дискусии. Наместо тоа, спинот на Кремљ е огледало на постојано растечката репресија во Русија, особено по силно манипулираниот реизбор на Путин.

Кампањата на Кремљ да ја доведе во прашање легитимноста на Зеленски сега исто така се прошири и ја доведува во прашање поддршката на ЕУ за Украина. Се поставуваат глупавите, но измамнички прашања: дали партнерите на Украина се легитимни? Дали е законски можно Унијата да издвои средства и да обезбеди хуманитарна помош за Украина? Во реалноста, овие погрешни прашања се само обиди да се посее сомнеж во системот на ЕУ пред изборите за Европскиот парламент од 6 до 9 јуни.

…но се е за мировната конференција во Швајцарија

Овие блефови и дезинформациски наративи на Кремљ се насочени и кон претстојната мировна конференција во Швајцарија на 15-16 јуни, за која Москва се обидува да ги исплаши, измами или убеди другите земји да не присуствуваат. Мора да постои страв дека многу земји всушност ќе бараат прекин на војната во Русија. Да се сугерира дека ниту еден потпис на тој договор нема да биде прифатен како легитимен.

За жал на Кремљ, ЕУ, ОН, НАТО и другите со здрав разум, го сметаат Зеленски за легитимен претседател. Ова дури го објави руската новинска агенција ТАСС.

Да се претстави ЕУ како „чудовиште за цензорирање“ додека репресијата продолжува во Русија

Кога беа договорени неодамнешните рестриктивни мерки или санкции на ЕУ на 17 мај, уште четири медиуми – Гласот на Европа, РИА Новости, Известија и Росискаја газета – беа суспендирани од да емитуваат нивни содржини во ЕУ. Причината поради која земјите-членки на ЕУ ги донесоа овие едногласни одлуки за санкции е иста како и за претходните. Тие се под постојана директна или индиректна контрола на раководството на Руската Федерација и беа суштински инструменти во поттикнувањето и поддршката на руската агресивна војна против Украина и за дестабилизација на нејзините соседни земји.

Овие медиуми се нарекуваат себеси медиуми, но најдобро може да се сфатат како оддел за пропаганда на Министерството за војна. Тие станаа инструменти на Кремљ за војување во информацискиот простор.

Реакцијата од Москва не беше изненадувачка. Се прават сите напори за да се оддалечи вниманието од сопствената руска репресија, со директна цензура и целосна контрола врз медиумскиот пејзаж што го документиравме во нашата петтомна серија, анализирајќи го (отсуството на) слободата на медиумите во Русија. Луѓето кои ќе се осмелат да пишуваат или изговоратв критички коментари, мислења или активности може, се соочуваат со казна затвор од неколку години.

Блиску до надреално и смешно е да се види загриженоста за слободата на медиумите на европските граѓани изразена од претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин на неговиот канал Телеграм: „Тие [европските политичари] блокираат каква било алтернативна гледна точка, ја уништуваат слободата на говорот и го кршат правото за слободно ширење и примање информации… [тие] негираат пристап до објективни и веродостојни информации на жителите на европските земји.“

Потсетуваме дека Володин е во потесниот круг на руската моќ од 1999 година, вклучително и како вицепремиер, заменик началник на кабинетот на Путин, а сега и претседател на руската Дума, односно парламенто). Исто така, потсетуваме дека Русија воведе закони за цензура, донесени под негова контрола од март 2022 година и затвора новинари, блогери и бранители на граѓански права.

Треба да знаете
Moже да ве интересира