Повеќе судски згради во Нови Сад, Белград и Ниш денеска се евакуирани по анонимни дојави за поставени бомби, објавија српските медиуми. Работата е привремено прекината, а полициски и контрадиверзиски екипи ги проверуваат објектите.
Според првичните информации, заканите пристигнале телефонски. Првата дојава била примена нешто по 11 часот во суд во Нови Сад, по што слични повици биле регистрирани и во Белград и Ниш.
Веднаш биле активирани безбедносните протоколи. Вработените ги напуштиле просториите, а во новосадскиот суд чекале надвор од зградата додека се организирал нејзиниот преглед.
Полицијата ја проверува веродостојноста на заканите и утврдува кој стои зад повиците. Засега нема потврда дека во некој од објектите е пронајдена експлозивна направа.
