Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Што го врти светот?“: Речиси сите млади се свесни од потребата за постојано учење, тоа често го носи и на ново работно место

Во последната епизода од „Што го врти светот?“ Јована со нејзините соговорници се обидува да најде одговор на прашањето „Што сакаат младите?“ кога е во прашање кариерниот развој.

Податоците за дискусијата соговорниците ги вадат од последната анализа на мислењето на над 2000 млади низ целата територија на државата. Со оглед на тоа што и македонската економија, но и светот останува на младите, добро е што некој, конечно ги прашува што им е потребно.

Соговорници на Јована се Теодора Столевска, директорка на МОФ, и Митко Пиштолов, менаџер за развој на вештини во ИЕСЕЦ. Според резултатите, над 70% од младите работат на своето место помалку од 3 години. Што е причината за ова?

Теодора, како директорка на најголемата младинска организација има свое мислење.

Веројатно една од причините е желбата на младите постојано да учат. Доколку како млад човек стигнеш до одредена позиција во таа компанија, каде ти повеќе не можеш да учиш и да се надградуваш во конкретната компанија веројатно бараш место каде би можел да напредуваш и да научиш нешто ново. Второ, многу често се случува младите да не се наградени соодветно со своите капацитети. Често тие кога ќе дојдат на работа се помалку платени, соодветно на искуството. Но, многу често кога после 1,2 или 3 години младите ќе го стекнат потребното знаење и вештини, платите во компаниите каде работат не го рефлектираат тоа. Затоа тие си бараат работа некаде каде ќе бидат препознаени и нема вечно да бидат најмладиот човек во компанијата. Но, според мене побитен е фактот дека како млад човек, сакаш постојано нешто ново да учиш.

Податоците го поткрепуваат ова тврдење, бидејќи речиси 90% од младите одговориле дека се свесни за потребата од континуирано учење и надоградување. Токму на ова прашање има најголем консензус помеѓу сите испитаници. Митко пиштолов пак, зборува за потребата од кариерно насочување како системско решение.

Кариерното насочување треба да биде дел од образовниот систем. Тоа е процес кој нуди 4 работи: искуство, знаење, вештини и правец (насока), за тоа како да одбереме правилна професија која нас ни одговара. Ако го имаме тоа младите ќе можат да ја изберат правата професија.

Сепак, Јована и Теодора имаа малку поинакви гледишта за тоа дали е возможно да знаеме однаред која е правата професија за нас.

Слушнете повеќе во најновата епизода на „Што го врти светот?“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира