ВИДЕО Дупка до дупка на митингот на ВМРО-ДПМНЕ: Просторот пред Влада остана полупразен

Помпезно најавуваниот голем и сенароден митинг на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата полека но сигурно се претвори во дебакл.

Очигледно на ВМРО-ДПМНЕ не им успеа ни полнењето на автобуси со луѓе од внатрешноста на државата , за да го наполнат просторот пред Владата со луѓе од внатрешноста на државата.

Фотографиите и видеата од дрон покажуваат навистина слаб интерес за митингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука се наметнува прашањето дали на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните слабо им веруваат или луѓето задолежни за организација на настанот можеби се прецениле себеси и членството на партијата?

За потсетување, Скопје два дена беше во сообраќаен хаос поради поставување на бината за вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ. (24Инфо)

Треба да знаете
Moже да ве интересира