Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Величковски: Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го прави со новите министерства е префрлање од шупливо во празно

Контролата на партиите врз јавниот дискурс и потоа контролата на партиите врз јавните пари се врши со тоа што се фрла една тема пред јавноста и потоа ете, ние се занимаваме со симболи, со тоа кој каква изјава дал при преземање на функција а никој не разговара за тоа што се суштински прашања, порача Ивон Величковски во интервју за Слободен печат.

„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ денеска го прави од едно да прави две министерства, тоа е префрлање од шупливо во празно, истиот буџет се троши. Нам ни треба вистинска реформа во јавната администрација“ оцени Величковски.

Тој се осврна и на свечената изјава на претседателката Гордана Силјановска Давкова сметајќи дека тоа било чин на иредентизам.

„Да речеме конкретно, со читањето на изјавата од страна на Давкова, таа не само што прекрши дел од преземањето на функцијата, бидејќи функцијата ја преземате со потпис и со давање на одредена изјава, туку нафрли непотребна потреба за манифестирање на иредентизам кој што не смее да биде манифестиран од државник и јавен функционер“ посочи Величковски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира