Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во име на религијата, во „лов“ по гласови

Во Северна Македонија од осамостојувањето до денес – во сите влади, но и во сите изборни циклуси, феноменот и елементот на злоупотреба на религијата за политичка и изборна пропаганда не е исклучителен.

Оваа појава беше најизразена за време на 15-годишната влада на Никола Груевски, кој бескрупулозно користеше верски елементи за политичка пропаганда. Истиот елемент на злоупотреба на религијата ни беше претставен и за време на светската криза со пандемијата Ковид-19, кога одредени свештени лица се молеа за политичкото „здравје“ на ВМРО-ДПМНЕ.

– Длабоко во срцето и душата верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсветлата партија ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски, дека се она што го дадовме верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него, а потоа и со божја помош, изјави меѓу другото пред верниците минатата година за време на празникот Св. Трифун, владиката Aгатангел.

Ислам Аслани, свештеник на Исламската верска заедница во една од џамиите во Тетово, вели дека зависи кој и како ја гледа и користи религијата.

– По злоупотребата на религијата, може да има одредени намери со цел преку политика да се стигне таму каде што некој сака да стигне. Нормално е дека ова е кршење на правилата и прописите на Бог и Куранот, но додека сме во секуларна држава, овие политички интереси се случуваат. Тоа се случува и во арапскиот свет, изјави Аслани за „Фронтлајн“.

Петар Арсовски

Политичкиот аналитичар и публицист Петар Арсовски смета дека верските лидери и политичкиот амбиент секогаш биле на границата на пристојноста, особено во држави кои се уставно секуларни.

– Од една страна, наминално верата и политиката треба да бидат раздвоени, но борбата за влијание прави двете елити да бидат природно упатени едни на други за некои посериозни проекти или јавни ставови. тука настапува можноста за неприродно влијание, каде верските ставови (како против абортус, против правата на ЛГБТИ заедницата и слично), се мешаат во секуларниот карактер на државата. Дополнително, верските лидери понекогаш ја користат својата позиција и за посериозно геополитичко влијанние, вели Арсовски за „Фронтлајн“.

Годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со почитувањето на верските слободи во светот, во делот за Северна Македонија ја нотира законската измена усвоена од Парламентот за забрана на регистрација и работа на ентитети кои носат имиња и симболи на нацизмот, национал-социјализмот или Третиот рајх, или се придружени со нетолеранција, омраза, фашизам, а во врска со обидот за регистрација на бугарските клубови.

Од друга страна, неколкуте истражувања што се спроведени во државата за „Злоупотреба на верата за политички цели“ велат дека политичките партии ја користат религијата за политички цели особено во предизборната, но ефектот за прибирање политички поени на тој начин е многу мал.

Дестан Јонузи (Frontline)

Зачлени се на нашиот е-билтен