Преживеа 188 години, но не и новата криза – австралиски гигант пред пропаст

By Nick-D – Own work, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=199525829

Еден од најстарите и најпознатите трговски синџири во Австралија, David Jones, влезе во постапка на доброволна администрација по долгогодишни финансиски проблеми, оставајќи илјадници работни места под закана и отворајќи прашање за иднината на класичните големи стоковни куќи.

Компанијата, чија историја започнува пред 188 години, со децении важеше за симбол на луксузното купување во Австралија.

Но променетите потрошувачки навики, послабата продажба и високите оперативни трошоци сериозно го нарушија нејзиното работење.

Според „Гардијан“, кризата се продлабочила откако пропаднале преговорите меѓу сопственикот на компанијата и еден од нејзините најголеми закуподавци, групацијата Scentre.

David Jones имал 38 продавници, но веќе се разгледувале можности за намалување на нивниот број и затворање на локациите со најслаби резултати.

Посебно загрозени се продавниците во приградските и регионалните трговски центри.

Економските проблеми не се од понов датум. Компанијата со години се соочувала со финансиски загуби, додека високата инфлација и притисокот врз животниот стандард дополнително ја намалиле потрошувачката.

Експертите укажуваат и на променетиот начин на купување. Големите стоковни куќи сè потешко се натпреваруваат со поевтините трговски синџири, интернет-продажбата и луксузните брендови кои директно ги продаваат своите производи.

Но зад финансиските извештаи стои и емотивната страна на приказната.

Во репортажа објавена денеска, „Гардијан“ ја пренесува приказната на 87-годишната Џенет Морис, која од детството го памети одењето во David Jones како посебно семејно доживување.

За генерации Австралијци, овие продавници не биле само места за купување, туку дел од градскиот живот и семејната традиција.

Случајот отвора пошироко прашање што ги засега и европските трговски центри: дали големите класични продавници можат да опстанат во време кога потрошувачите сè почесто бараат пониски цени и купуваат преку интернет?

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?