Кривична пријава против скопјанец за нелегално емитување ТВ-серија на Фејсбук

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против 46-годишниот Ј.К. од Скопје поради неовластено објавување и емитување епизоди од телевизиска серија на социјалната мрежа Фејсбук.

Пријавениот се товари за кривичните дела повреда на авторско право и сродни права и пиратерија на аудиовизуелно дело, предвидени во членовите 157 и 157-б од Кривичниот законик. Случајот е процесуиран до Основното јавно обвинителство Скопје.

Според полициската истрага, Ј.К. во текот на 2024 година, во својство на администратор на Фејсбук страница, незаконски пренесувал содржини за кои ексклузивните права ги поседувала домашна телевизиска куќа врз основа на претходно склучен договор.

Постапката беше поведена по пријава од оштетената телевизија до скопското обвинителство. Во пријавата е наведено дека осомничениот преку својот профил и страницата со која управувал, покрај други филмови и документарци, објавувал и епизоди од заштитената серија за кои немал авторски права.

Постапувајќи по наредба од ОЈО Скопје, полициските службеници извршија информативен разговор со осомничениот и привремено му одзедоа електронски уред. Дигиталната форензичка анализа врз уредот целосно ги потврди наводите од пријавата и исказот на пријавениот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?