Димитриеска-Кочоска: Славески не ме консултираше за влезот на „Алта банка“ во Македонија

Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, не ја консултирал за влезот на „Алта банка“ на македонскиот банкарски пазар, пренесува денеска ТВ Телма.

Гувернерот на Народната банка пред неколку дена во Топ Тема кажа дека иако НБРМ е независна институција, сепак за ова прашање се консултирал и со Владата. Но, Кочоска под чија капа се финансиска полиција и Управата за финансиско разознавање, тврди дека воопшто не била прашана за тоа.

„Ние како министерство не сме имале апсолутно никаква комуникација, ниту знаеме дека оваа банка имала преговори, ниту знаевме кој претходно други институции, банки биле заинтересирани така што најодговорно тврдам дека Министерството за финансии немала никаква комуникација со гувернерот по основ на ова прашање“, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска

Изјавата отвора прашања за комуникацијата меѓу финансиските институции и начинот на кој се разгледувале околностите поврзани со влезот на српската „Алта банка“, која ја презеде поранешната Стопанска банка Битола.

Случајот доби дополнителна тежина по случувањата со „Алта банка“ во Србија, каде што на банката ѝ беше одземена дозволата за работа, како и по одлуката на Народната банка на Македонија да воведе администрација во „Алта банка“ АД Битола и привремено да го ограничи располагањето со средствата на клиентите.

Според претходните информации објавени од Телма, Народната банка образложи дека банката во Битола е посебно правно лице и дека стечајот на српската банка не значи автоматски престанок на нејзиното работење. Сепак, домашната централна банка ги следи и ризиците што произлегуваат од сопственичката поврзаност.

Изјавата на министерката за финансии ја актуализира потребата од јасни одговори за институционалната координација, проверките пред одобрувањето на влезот на новиот сопственик и информациите со кои располагале надлежните институции во тој процес.

Извор: Телма

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?