Нуркачот Бартломиеј Питала кој ги прослави „Врело“ и Матка е прогласен за почесен граѓанин на Скопје

Врело

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала кој достигна рекордна длабочина во подводната пештера „Врело“ на Матка и постави светски рекорд е прогласен за почесен граѓанин на Скопје.

На денешната седница на Советот на Град Скопје, градските советници ја прифатија иницијативата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и на нуркачот Питала му го доделија ова почесно признание.

Во рамките на меѓународната експедиција „Врело 2026“, Бартломиеј Питала минатиот месец достигна рекордна длабочина од 338 метри под водата, со што „Врело“ на Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Овој подвиг на исклучителна храброст, знаење и посветеност е остварен со поддршка на тим нуркачи од Македонија, Полска и од Италија.Овој историски успех е огромна можност за развој на туризмот во Скопје и за привлекување поголем број туристи, истражувачи и љубители на природата да го посетат нашиот град и да го откријат природното богатство на Матка.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?