Во францускиот град Евиан, денес започнува самитот на земјите-членки на групата Г7, каде што ќе се дискутира за Иран, Украина, глобалните економски нерамнотежи што ја загрозуваат финансиската стабилност и порастот на вештачката интелигенција.
Членовите на Г7, САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, ќе учествуваат на самитот, кој ќе се одржи од 15 до 17 јуни, и се очекува групата дапокаже единство во својата поддршка за Украина, објавува Ројтерс.
Европските членови на Г7 ќе се обидат да го убедат американскиот претседател Доналд Трамп дека позицијата на Украина е зајакната, дека Европа сега го носи финансискиот, воениот и политичкиот товар на воените напори на Украина и дека Г7 треба да се согласи како да пристапи кон значајни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.
Како што е најавено, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, исто така, ќе биде присутен во Евиан.
Лидерите на Г7 се состануваат кратко откако САД и Иран објавија дека се согласиле за рамка за завршување на нивната војна.
Договорот не треба да биде потпишан до петок, но лидерите на Г7 ќе сакаат да ги знаат деталите од договорот и особено колку брзо може да се отвори за бродови виталниот Ормузски теснец, според Ројтерс.
Лидерите на Египет, Катар и Обединетите Арапски Емирати ќе се приклучат на дискусијата за тоа во Евиан, пренесува Танјуг.
