Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Јазбец, поранешен словенечки амбасадор: Нема смисла да се менува договор, кој е склучен врз основа на многу тежок, долг и сложен процес

„Да се дојде до некои договори многу е сложен процесот и кога ќе се дојде – тоа стои, така што сигурно можеме да кажеме дека да се промени некој договор, кој е склучен врз основа на многу тежок, долг и сложен процес, е уште потешко, бидејќи тогаш не се гледа некаква смисла. Сите оние кои учествувале сигурно не гледаат некоја голема смисла за таа енергија која била вложена повторно да се троши за нешто да се менува, туку да се реализира тоа“, рече амбасадорот Милан Јазбец, поранешен словенечки амбасадор и во нашава земја во интервју на „Слободен печат“.

Според него, едно е да се почитуваат договорите, Pacta sund cervanda, односно, договорите кои се склучени, кои се формализирани, ратификувани, треба да се почитуваат.

„Но, бидејќи ниедна работа не е апсолутна, постои една друга изрека: Rebus sic stantibus. Значи, ако по некое време дојде до големи, круцијални промени во меѓународната околина, тогаш можат да се променат договорите кои се веќе склучени, но не можат да се променат само од едната страна која склучила договор, туку во договор на сите страни и, особено, ако дојде до таква некоја промена, треба, пред сè, да се има на ум со таа промена да не се направи некаква штета“, потенцираше Јазбец.

Тој заклучи дека во правото е многу јасно, но во практиката е многу тешко и има многу малку такви случаи, бидејќи, како што реков, секоја политика сака да оди напред, а не да менува некои работи кои се веќе воспоставени.

Целото интервју со Јазбец:

Треба да знаете
Moже да ве интересира