Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Наместо елитата да го еманципира просташтвото, тоа ја апсорбира елитата

Најголемото, веројатно и смртоносно промашување на Македонија е откажување од други можности на постоењето. Македонски, се разбира, но, сепак, други

Пишува: Бранко ТРИЧКОВСКИ

За телото во надворешниот простор важни се само координатите на посматрачот.

ВМРО-ДПМНЕ ги направи тие координати невидливи, ги демолираше со блокадата на уставните промени.

Светот на местото на Македонија сега гледа мала флека, мало говно, гомце од мува или исерок од слично животинче.

Откако претходно успеа од Македонците да направи карикатури, а од нивниот животен и метрополитенски простор фарма на будали (СК 2014), ова е врв на антимакедонска мисија на оваа инсталација.

Им честитам.

Македонија повеќе нема потреба од вмро.

Работата е завршена.

Наместо на избори, слободно можат да одјаваат на Пирин планина и да берат печурки и еделвајси.

Да изебат некое мало мече чија мајка претходно ќе ја убијат и одерат за гунчиња.

И од сочувство: да не ја остават женката да гледа што им прават на нејзините деца.

Исто како во случајот со Македонија и нејзините деца.

Така ли е или јас повторно претерувам?

Хахаха!

Идентитетот е, без конкуренција, најпроституираниот збор во македонскиот јазик.

Во дует со националните интереси и со македонскиот народ, нормално.

Сѐ апстракции.

Тралакајки за заебавање и пљачкање на простата маса кон која во последните години се вклучи и тоа што некогаш беше елита.

Наместо елитата да го поведе и еманципира просташтвото, просташтвото ја апсорбира елитата.

Во првиот случај, нациите се создаваат, а во вториот, овој, значи, што е актуелен кај нас – се распаѓаат.

Што прво видел Исус кога го изнеле од плевната?

Дека Македонија не ја бива!?

Такви гласови допирале до него од македонскиот хор на Небиднината.

Рекол дека тука ништо не може да стори и отишол да го крене Лазара од мртвите.

Сакам тука да ја (зло)употребам оралната драма на човекот (ние ќе земеме дека бил со македонско национално потекло) што ја опишува Фридрих Хојбах за да ја долови опасната заводливост на слаткото и неговата разградувачка улога за субјектот. И за неговиот свет.

На сцената се Македонија во која е завиткана бонбоната на национализмот и Македонецот.

Испакнатата уста на Македонецот ја зема бонбоната и веднаш ја пушта во внатрешноста на устата каде што ја прифаќаат свиоците на јазикот исполнети со исчекување. Благоста се шири, се отвора во едно мало умилно О и наскоро целата уста ја претвора во слатко леплива страст, пулсирачка кугла која ширејќи се, сѐ повеќе во себе впива. Македонецот станува заоблен и постои само уште како фина, сѐ потенка периферија на таа слатка кугла. Конечно, тој ги затвора очите и имплодира и земајќи ги и самиот особините на куглата станува еден предмет со сладок свет кој се заоблил.

Се десубјективизира.

Паралелно со тој „внатрешен“ настан се одвива и „надворешниот“: Македонецот го исправа и гланца празниот омотач на бонбоната, па го превиткува на сѐ потенки ленти и квадрати, за на крајот да ги претвори во мала топка што ќе ја фрли што подалеку од себе.

Нека да се потсетиме: Македонија во претставата е омотачот.

Ова е мала феноменолошка студија која покажува како национализмот го разорува субјектот, односно како Македонецот се претвора во слатка периферија на една бомбона, во предмет, а од куќата на бомбоната прави мало топче станиол што го џитка во кантата за ѓубре.

Може ли да биде поинаку и полошо.

Не може!

Најголемото, веројатно и смртоносно промашување на Македонија е откажување од други можности на постоењето. Македонски, се разбира, но, сепак, други.

Она што се гледа на физикален план како и она со што се занимаваат цивилните служби, не е ништо друго освен лага.

Луѓето живеат единствено во творбите кои од нив изникнале како нивна друга природа- во јазикот, во системите на ритуалот и смислата, во своите конститутивни делириуми, не во својата стара природа, обратно, дури со одвојувањето од старата природа станале група.

И сега целата работа е во тоа да се откријат нови форми како што биле откриени кога се конституирала групата.

Тоа е така нормално и природно.

Способни личности се турнати во фушерство, а фушераите од луѓе и интелекти се директори и професори, и едните и другите препнати со нешто безлично, повисоко, меѓучовечко, групно – што се изведува од дадената средина. Цели општествени класи се како од саркастичен сон, големопоседниците, селанството, градскиот пролетеријат, тајкуните… и македонската мисла, македонската митологија, македонската психичност, неуспешното и безуспешното македонство кое како суптилно испарување продира во сѐ.

Од таа фаза мораме да излеземе.

Секој ден гледам како луѓето присвојуваат некаква вера, идеолошки или естетски став во надеж дека на крајот ќе станат нешто, доктори, контролори, судии, министри, доректори, претседатели… и тоа редовно се завршува со серија гримаси, со пирамида од глуматање и со оргии на нестварноста.

Оти или си или не си некој.

Неможно е самиот себе вештачки да се фабрикуваш. Ако не си Македонец. Во Македонија тоа вештачко постоење се почесто го заменува вистинското постоење. Луѓето, особено интелектуалците, ги корумпира можноста за добар пласман. Немаат никаков друг критериум.

Сите мислат дека Македонија е танкер со мед и млеко. Но таа е мало кајче со кофа за исфрлање на вишокот вода.

Како се вика: дури ни Соломон не може од празно ништо да сипе. (Фронтлајн)

Треба да знаете
Moже да ве интересира