Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасот ќе биде тежок, но, ќе биде

Нешто сериозно се случува. Маските паѓаат. Фанатизираниот Македонец почнува да се враќа кон себе. Тоа покажува дека на некое ниво на болката или задоволството, на поводливиот Македонец ќе му текне дека дозволил да го направат будала и ќе рече: Доста е!

Бранко ТРИЧКОВСКИ

Значи-што?

Се решивте ли?

Со кого, односно со што си имаме работа:

а) со лудак на кој нацијата му даде моќ да ја убие?

б) со нација која полека сфаќа што направила и дека не и се умира, но се срами да ја признае капиталната дезориентација што ја открива како неверојатен инфантилен феномен кој го влече локомотивата на сеирот, злобата и зависта и сè уште не може да собере сили да се ослободи од своето дело во ликот на својот убиец.

ц) со убиец чија намера за убиство на државата со предумисла нацијата ја чита погрешно, како сите жртви на такви акти, како проститутка што го чита својот Трбосек.

д) вмро е сито низ кое истекува животот во Македонија и на Македонија. Смртта не мора и нема да дојде како пресуда на некој куршум, туку како куп под тоа сито на кое Македонците мислат дека вмро ги лула и потскокнуваат како на трабмолина.

Надвор од овие варијанти Македонија нема никакви причини да умре или да дозволи да ја убијат. Односно нејзината смрт може да биде само нејзино решение и одговорност. Вмро и Жмицко се само сервис кој смртта ќе и ја донесат дома. Деливери сервис.

Фасцинанто е тоа што голем број Македонци дозволија лудакот од почетокот на текстот но и други лудаци, политички, медицински, морални и интелектуални, дозволија самите да се претворат и Македонците да ги претворат во фанатици кои камшикувајки се горливо пред светата слика на Македонија, одеднаш почувствуваа дека камшикот престанал да биде орудие на тортурата и станал орудие на насладата?

Кога доследно би ја развиле таа ситуација би дошле до макабричкиот парадокс: Македонецот, за да се спаси, измислува за себе се пострашни измачувања, но колку е болката поголема, толку е поголемо уживањето, а болката е посластна.

Се сеќавате какви восхити предизвикуваше секоја најава дека не нè бива и дека е подобро државата да пропадне, а народот да го снема?

Тоа беше тоа камшикување, но сега како да попрестана.

Нешто сериозно се случува.

Маските паѓаат.

Фанатизираниот Македонец почнува да се враќа кон себе.

Тоа покажува дека на некое ниво на болката или задоволството, на поводливиот Македонец ќе му текне дека дозволил да го направат будала.

Вмро, комитите, патриотите, хахаха, убијците, Жмицко, Лигњата, Хер Флик, Кикифрики, се говњар до говњара и ќе рече: доста!

Спасот ќе биде тежок.

Но, ќе биде.

Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Фронтлајн
Треба да знаете
Moже да ве интересира