Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Важно е да не се заборави

Кога денеска ВМРО-ДПМНЕ спроведува кампања во која вели „Важно е медиумите да бидат слободни“, она што е поважно е да не се заборави окупацијата на медиумскиот простор што ја спроведуваше оваа партија со преземање на медиумите и создавање на мрежа од партиски медиуми. Како што е важно да не се заборави на уште многу работи.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ започна кампања која ја нарече „Важно е“, меѓу другото и со очигледна намера да ги амнестираат сите погрешни и погубни политики од нивното минато. Еден од слоганите на кампањата е „Важно е медиумите да се слободни“, заборавајќи дека токму во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, слободата на медиумите во земјава беше на најниско ниво.

Сепак нема да заборавиме и ќе паметиме дека според индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“, Македонија во 2016 година беше на ужасното 118 место во светот како последица на десетте години владеење на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ситуацијата, сепак, се промени по промената на власта и земјава бележи константни подобрувања на овој индекс. Според индексот за 2023 година, Македонија е на 38 позиција. За 80 места погоре на листата на индексот кој опфаќа 180 држави во споредба со периодот кога тие владееја со медиумите.

Не се заборава дека во извештајот на „Репортери без граници“ за 2016 година беше истакнато дека владата го користела државното рекламирање за да ги контролира и задушува медиумите. Ваквите податоци покажуваат дека слободата на медиумите не била и не е важна за ВМРО-ДПМНЕ и дека нивната кампања е базирана на празни флоскули во обид за добивање на ситни политички поени.

Нема да заборавиме дека никогаш не се извинија за тоа.

Периодот кој следеше по 2016 година и ослободувањето од режимот на ВМРО-ДПМНЕ донесе средина во која медиумите и новинарите можат слободно да работат, без да се плашат за својата безбедност и сигурноста на работата која ја имаат.

Она што е важно е – да не се заборави окупацијата на медиумскиот простор што ја спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ со преземање на медиумите и создавање на мрежа од партиски медиуми.

Како што е важно да не се заборави на уште многу работи:

Да не се заборави затворањето на Кежаровски.

Да не се заборави судењето на новинари поради „нанесена душевна болка” на политичари

Да не се заборави тепањето на активистите од Плоштад Слобода и на активистите на „Шарената револуција“.

Да не се заборават на патните трошоци на Бонева air.

Да не се заборави дека пробаа да прикријат убиство.

Да не се заборави дека она што ДПМНЕ го нарекуваше странски директни инвестиции всушност беа работни кампови субвенционирани од државата.

Да не се заборави на сите пари потрошени на капмањи кои се закануваа да го одземат правото на жените и девојките да одлучуваат за своето тело.

Важно е:

Да не се заборави именувањето на лица за министерска позиција коишто тукушто излегле од градинка.

Да не се заборави обидот за државен рекет насловен како закон за хонорари.

Да не се заборави неспособноста да се направи попис.

Да не се заборават „човечињата“ од Пустец.

Да не се заборави на дебаклот со МАНУ со Македонската енциклопедија.

Да не се заборави учебникот по граѓанско кој учи на послушност.

Да не се заборави како високи и ниски функционери и плакатолепачи на ДПМНЕ “завршија” факултет. Куртон новинари докторираа, а набилдани орки магистрираа.

Да не се заборават заканите, погребните венци и етикетирањето и демонизирањето на сите неистомислениците.

Да не се заборави го организирањето на сите контра-протести.

Да не се заборави намерата за силување на Охрид со Субрата Рој во главна улога.

Да не се заборави дека македонските работодавачи беа се ставени во понеповолна позиција во однос на странските инвеститори.

Да не се заборават испадите на Хорхе и ноншалантното потпишување на закони.

Да не се заборави исфрлањето на опозицијата од парламент на 24-ти декември.

Да не се заборави Скопје 2014 и целиот барок-шут.

Да не се заборави изедначувањето на државата со партијата.

Да не се заборават сите “испитувања на јавното мислење” од Павел Шатев.

Да не се заборави тенденциозното дезинформирање, спинување и оглупување на народот со емисиите, вестите и сериите кои се емитуваа на медиумите на ДПМНЕ.

Да не се заборават прислушувањата.

Да не се заборави 27 април и крвавиот упад во Собранието.

Важно е да не се заборави. Долга е листата, но треба да се памети.

Зачлени се на нашиот е-билтен