Вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје (со почеток во 19:30 часот), СПОНА – Српскиот Културно Информативен Центар ќе го претстави ексклузивниот гостин, писател, новинар, публицист, преведувач…, хроничар на ова време и одличен познавач на минатото на овие простори – Мухарем Баздуљ.
Во Скопје Баздуљ ќе го промовира својот актуелен, неодамна објавен роман „Невидливата дружба“. За неговото книжевно творештво ќе зборуваат: писателот Александар Прокопиев, потоа Милутин Станчиќ, од СПОНА, кој ќе зборува за животните ставови на Баздуљ, додека новинарот Иван Беќковиќ со Мухарем ќе разговара за неговата фасцинација од музиката.
Баздуљ по образование е дипломиран студент по англиски јазик. Од родниот Травник, преку Сараево, дошол во Белград, во кој се вљубил заради сеќавањата на татко му за неговите војнички денови. Своето детство го памети како идилична слика на социјалистичко воспитување каде што не е беше важно на која религија и припаѓате. Војната во Босна драстично смени се…
Македонската публика која ја следи литературата многу добро знае кој е Мухарем Баздуљ. Неговите книги „Кукла од марципан“ и „Ѓаурот и Зулејха“ се веќе преведени на македонски јазик.
Во случај на неповолните временски услови, за алтернативно место за промоцијата се определена галеријата на КИЦ „Кочо Рацин“.