Нов тренд во Скопје: Младите полудеа по часови за прв свадбен танц

Младите скопјани полудеа по нов тренд пред свадба – професионално подготвен прв свадбен танц. Наместо трема и импровизација на подиумот, сè повеќе парови избираат часови со инструктори, кореографија по мерка и музика што самите ја одбираат.

Новото студио со професионални танчери кое може са се најде на Инстаграм како @Say.YesDance – велат дека е време за свадбен танц без стрес, создаден според карактерот, желбите и искуството на секој пар.

Нема една формула за совршен прв танц. За некого тоа е романтична балада, за друг омилен хит или песната што ја одбележала нивната врска. Младенците ја избираат музиката, а професионални инструктори со децениско искуство ја претвораат во кореографија што изгледа природно и сигурно.

И не е важно дали некогаш сте танцувале.

Целта не е сложена кореографија, туку момент во кој младенците ќе се чувствуваат опуштено и ќе уживаат. Со секој час исчезнува тремата, а првиот танц од обврска станува еден од најубавите делови од подготовките за свадбата.

Токму затоа часовите за свадбен танц стануваат сè попопуларни во Скопје. Паровите повеќе не сакаат само да излезат на подиумот и да „поминат“ низ песната. Сакаат тие неколку минути да изгледаат и да се чувствуваат посебно.

Светлата се намалуваат, започнува вашата песна, гостите гледаат, а вие знаете што следува.

Без паника. Без несигурни чекори.

Само вашиот момент.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?