„Бехтел и Енка“ стартува со градежни работи на Коридорот 8

Во село Горна Бањица – Кичево денеска ќе се изврши минирање со што стартуваат градежните работи на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за пробивање на трасата на автопатот Гостивар Букојчани (30,1 километар) на Коридорот 8.

На настанот е најавено присуство на  првиот вицепремиер и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д  Артан Груби, министерот за транспорт и врски г-дин Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта г-дин Ејуп Рустеми. 

На американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ му се одобрени 15 милијарди денари односно 243 милиони евра за проектот за коридорите 8 и 10д, средства што се предвидени со буџетот на Мини

Со Договорот што го потпиша Владата со „Бехтел и Енка“ е предвидена изградба на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани,  Требеништа – Струга – Ќафасан на Коридорот 8 и на автопатската делница Прилеп – Битола на Коридор 10д.

До проектната единица  – Јавното претпријатие за државни патишта, веќе се доставени инфраструктурни проекти за сите делници, освен за Требешништа-Струга-Ќафасан. Доставени се и елаборати за експропријација за Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, а до крај на месецов се очекуваат елаборати и за Прилеп-Битола.

На „Бехтел и Енка“ досега им се исплатени две транши, од 117 милиони евра  и од 53 милиони евра,  согласно со Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, со којашто за годинава се предвидени вкупно 243 милиони евра.

Треба да знаете
Moже да ве интересира