ДУИ реагира за Груби: Апсурдно политичко обвинение за колективна одлука


ДУИ се јави со реакција откако денеска ОЈО Скопје информира дека е покренато обвинение за случајот за јавната набавка во Државна Лотарија, каде обвинет е и функциониерот на партијата, Артан Груби.

ДУИ изразува сериозна загриженост поради, како што велат оттаму, поднесувањето политичко обвинение за индивидуална одговорност која произлегува од колективна одлука.

„По две години истрага, јавноста заслужува да знае врз кои конкретни докази и аргументи се заснова едно вакво обвинение.

Ја почитуваме независноста на институциите на правдата, но истовремено бараме еднаква и неселективна правда. Колективните одлуки не можат да се претворат во инструмент за селективна одговорност и политички прогон на поединци.

Токму затоа бараме целосна транспарентност на постапката, со цел јавноста, медиумите и експертите да можат да се запознаат со секое тврдење, доказ и аргумент на странките.

ДУИ исто така бара отворен и транспарентен меѓународен надзор над овој случај. Не бараме привилегија за никого, туку само еднаква примена на законот, правична постапка и правда независна од политичко влијание. Ниту еден исказ, ниту еден доказ и ниту еден факт не го прави ова обвинение основано“ велат од ДУИ.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?